МОНСТРУМИ: Намерно ја удрилe со автомобилот, а веднаш потоа ја претепале!
СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица, за настанот кој се случи почетокот на месец јуни. Врз основа на информациите од СВР-Тетово, станува збор за А.Н.(33) од Штип и Р.Љ.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, на 03.06.2024, пријавените со патничко возило намерно ја удриле Ш.М., по што и физички ја нападнале.
Насловна фотографија/ Илустрација