Власта наместо да даде поголеми плати во образованието, врши притисоци закани и заплашувања
Власта на СДСМ и ДУИ наместо да одговори на логичните и оправдани барања за повисоки плати на вработените во образованието, врши притисоци и закани. Тоа кое што го говорат синдикалците е само уште еден показател на целокупното владеење на СДСМ. Тие проблемите ги решаваат со закани, заплашувања и притисоци-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, нивното соопштение целосно Ви го пренесуваме во прилог:
“Вработените во образованието оправдано бараат повисоки плати бидејќи тоа ги следува согласно колективниот договор. И нив како и сите граѓани ги погодува силната инфлација која во месец март достигна 8,8%, а клучните трошоци за живот поскапеа од 30 до 110%
Власта наместо со закани треба да им одговори на просветарите како е возможно да нема пари за повисоки плати, а да има милион евра за криминални физибилити студии, 2 милиони евра за мебел, цвеќиња, фстаци и хотелски услуги и 2,5 милиони евра за службени возила.
Власта на СДСМ и ДУИ треба да признае дека поради нивната лоша економска политика 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија, економијата тоне, растат долговите, а стандардот на народот од ден во ден е се полош”-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.