| |

(ВИДЕО) „Shake That“ – нова песна на младите прилепчани Круз и Теов

Сподели го ова:























Mладите прилепчани Круз и Теов ја објавија нивната нова нумера „Shake That“ на јутуб каналот “АРТЛЕНД САУНД”. Станува збор за прилепчаните Иле Мирчески – Teov и Даниел Нанчески – Cruz кои се добро познати помеѓу помладата популација. Ова е одлична песна која со сигурност за брзо ќе прерасне во вистински хит, а истата е збогатена со одличен видео запис кој го снимаше Петар Јанкоски, монтажата за спотот ја изработи Мартин Милкоски, додека пак “Микс – мастер продукцијата” ја работеше Илија Михајлоски – LIJASKI.

Колку за потсетување, Круз и Теов учествуваа во шоуто “TRAPSTAR – Македонија” во организација на каналот на Томски и Горила ТВ, и истите беа пласирани во “топ 15 учесници” од вкупно 150 пријавени.

Информативниот тим на “СТАНИЦА.МК” му посакува и во иднина да нижат вакви големи успеси!

Во прилог на оваа објава, погледнете го видео записот за оваа најнова песна:




Сподели го ова:

Слични објави