“Ана Зумба” е уникатен прилепски бренд кој што активно одржува часови по “зумба за деца”
“Ана Зумба” е бренд кој што активно одржува часови по зумба за деца, при што часовите се наменети и прилагодени за деца на возраст од 4 до 9 години, а еден час трае 100 минути. Она што информативната екипа на информативниот портал “STANICA.MK” го забележа кај “Ана Зумба”, е креативниот-иновативен начин на работа и организирањето на часовите по зумба.
На почеток на часот, се собираат сите дечиња и се прави договор што ќе се прави во текот на часот, потоа се преминува кон вежби за загревање на мускулите, при што потоа следи “блок 1” каде се играат 6-7 песни, па се прави пауза од 10 минути која е неопходна бидејќи за дечињата врз основа на возраста, потребно е малку да одморат од физичката активност. За тоа време најчесто се бојат цртежи, се лепат листови од дрва, или се прават некои други креативни актвности кои дечињата ги сакаат.
Како што се спроведуваат планираните активности, така се преминува кон “блок 2” каде повторно дечината играат на 6-7 песни, при што на крајот самите тие имаат 5 минути слободно време да се подружат и да си поиграат заедно. Во однос на песните за зумба, тие се внимателно одбрани за деца. Часовите по зумба ги одржува лиценциран инструктор по зумба, латино часови и други танци, кој има работно искуство во областа повеќе од две години.
Ана од Зумба вели дека: “она што секојдневно ми дава сила е огромната подршка и љубов од синот Серафим и безрезервната поддршка од сопругот”. Почетоците од Ана Зумба како и секој почеток беа со препреки, но тоа ме направи уште подилна и поуспешна, да стигнам до она што сум денес. Најголем успех ми е кога ќе видам насмеани детски лица кои со прегратки идат кон мене за да се поздрават. Родителите често ми се јавуваат и ќе ми посочат за тоа како децата цел ден играле, се забавувале и дружеле, а за мене сето тоа претставува гордост”-истакнува Ана.