Тешка сообраќајка кај с.Селце – повредените пренесени во прилепската болница
На 10.07.2027 во 18:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на локалниот пат кај с.Селце, прилепско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „волво” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Н.(46) од Прилеп и мопед „шинерај” со прилепски регистарски ознаки управуван од А.П.(77) од Прилеп, при што кај истиот констатирано било дека не поседувал возачка дозвола, а сопатник на мопедот бил И.Р.(68) од Прилеп.
Во несреќата возачот на мопедот А.П. и сопатникот И.Р. со возило на Итна медицинска помош Прилеп биле пренесени во Градска болница Прилеп каде на А.П. констатирани му биле тешки телесни повреди, а кај И.Р. констатирани биле телесни повреди . Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информира МВР.


















