Претседателката Силјановска му го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, денеска му го додели мандатот за состав на нова Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
“Се заблагодарувам на професорката и претседателка Gordana Siljanovska Davkova за тоа што го додели мандатот на победничката коалиција на овие избори, а тоа е Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за составување на новата Влада.
Истовремено се заблагодарувам на граѓаните, тие се најзаслужни што Македонија ќе добие нова Влада.
Набргу од сега ќе биде составена новата Влада, која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани!” – истакна Мицкоски.