ВИДЕО – ПРОДАНОСКИ ДО СДСМ: Каква е водата во базенот кој го ветувавте две години во развојна програма? Топла е?

Сподели го ова:























Претседателот на Совет при Општина Прилеп – Дејан Проданоски, се обрати директно од говорницата при што се обрати до советниците од редот на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ, нека не ви биди срам да го кажите тоа ВМРО, иако од историјата го бришите, македонскиот народ во кодот никогаш нема да го избриши. Нашата партија е ВМРО-ДПМНЕ и ние не се срамиме од тоа ВМРО, како што вие се срамите од КПЈ.
Вие зборувате за развојна програма? Три години ветувавте реконструкција на старата чаршија. Целосно ја реконструиравте… Пишувавте во развојните програми потпорни ѕидови, уште еден мега проект!

Туку каква е водата во базенот кој го ветувавте две години во развојна програма? Топла е?
И сега немало во Прилеп проекти? И покрај сите кочници од вашите министерства, реконструкција на кракот од улицата Борка Талески (дел од плоштадот Методија Андонов Ченто) 25.000.000,00 денари завршен проект, за првпат во историјата ЈП за ПУП има сопствени простории, цевковод за кој со иронија зборувате за во населеното место Канатларци, ете го готов е ќе има вода во Канатларци. 80 000 м2 се направени улици, и немало проекти во Прилеп со вакви услови какви што се начекаа
” – истакна Проданоски.



Сподели го ова:

Слични објави