Здравствените работници денеска на протест
Здравствените работници денеска ќе излезат на протест пред Министерството за здравство во Скопје во 12 часот, каде што ќе го изразат своето незадоволство.
Протестот е во организација на гранковиот синдикат при ССМ и синдикатот на Клинички центар. Тие повторно ќе се обидат да ги остварат своите барања односно: анекс на колективниот договор врз основа на кој што се предвидува зголемување на месечните примања по 2.000 за лекарите до 3.000 денари за сестрите и другиот среден кадар, бидејќи претходно наведените со покачувањето на минималната плата се изедначија со хигиеничарите.
Како што информираат од синдикатите, и покрај протестите нема да има застој во давањето на здравствени услуги на пациентите, меѓутоа доколку не се исполнат нивните барања ќе се организира генерален штрајк во јавното здравство.