ВИДЕО: Прилепскиот градоначалник со отчет за сработеното во првите 100 дена!

Сподели го ова:





























Почитувани сограѓани,

Зад нас се првите 100 дена, исполнети со посветена и системска работа.

За почеток донесовме поголем и развоен буџет, започнавме инфраструктурни проекти, вложивме во образованието, спортот, животната средина, социјалната поддршка и културниот развој, поставувајќи темели за вистинска трансформација на нашиот град.

Свесен сум дека довербата се гради со резултати. Токму затоа работиме одговорно, чесно и транспарентно, со јасна визија: модерен, зелен и економски развиен Прилеп, со уредена инфраструктура, чиста средина, грижа за младите и поддршка за секое семејство.

Ова се само првите чекори. Пред нас се години на работа, инвестиции и нови успеси. Верувам дека заедно, со доверба и заедничка енергија, ќе изградиме иднина каква што заслужуваат сегашните и идните генерации.

Продолжуваме заедно и посветено, за нашиот Прилеп! – истакна градоначалникот Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави