Николоски: Започнуваме постапка за изградба на автопат од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот

Сподели го ова:





























Честитки за успешната работа во првите 100 дена на градоначалникот на општина Прилеп – истакна министерот Александар Николоски денеска од Прилеп, при што надополни:

“Работата се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убеден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат.

🛣️ Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика,

📌 Започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот.

Градоначалникот Дејан Проданоски амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад, ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проекти и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.

Во интензивни преговори сме и во следните месец до месец ипол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветивме, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат” – истакна Николоски.




Сподели го ова:

Слични објави