Вечерва, градот под Марковите Кули ќе биде домаќин на најновото издание на “Пиво Фест”-2022, кое ќе трае цели четири дена

Сподели го ова:


























opstina

Вечерва, градот под Марковите Кули ќе биде домаќин на најновото издание на “Пиво Фест”-2022, кое ќе трае цели четири дена. На годинешниот “Пиво Фест”-2022 ќе настапат голем број на музички имиња, од кои најголемиот дел се домашни-докажани музички изведувачи.

„Мора да признаеме дека овој „Пиво фест„ со сите овие политички сличувања, здравствената криза, енергетската, економската криза, беше под знак прашање дали ќе се одржи, но ете за краток период го организиравме и се надевам дека ќе го врати сајајот кој го имаше на туристичката фестивалска мапата, на најубави фестивал во Македонија и на Балканот. Обезбедена е одлична музичка програма, градот е подготвен да ги прими сите посетители кои со своите автомобили ќе пристигнуваат на фестивалските денови, а, во однос на јавниот ред и мир , чистотата, хигиената на градот , водоснабдувањето, благодарение на работењето на ЈКП ,Прилеп ќе биде организационо беспрекорен. Во контекст на тоа очекуваме 100 -ци илијади, гости во 4-те фестивалски денови”-истакна прилепскиот градоначалник Јовчески на вчерашната прес-конференција.

Имено, веќе неколку дена заради потребите на организацијата за “Пиво Фест”-2022 година целосно е затворен делот од булевар „Гоце Делчев“ од крстосницата со улица „Кузман Јосифоски“ до крстосницата со улица „Прилепски бранители“, а сообраќајот се пренасочува по околната улична мрежа.




Сподели го ова:

Слични објави