ВИДЕО-ЈОВЧЕСКИ: “Ништо не е мирно во мојот град”-Загрижувачка изјава на градоначалникот Борче Јовчески по однос на безбедноста во општина Прилеп
Интегрален текст:
„Повод и причина за денешната моја изјава е да го осудам чинот од вчерашниот инцидент што се случи во раните утрински часови. Вчера на директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го опожариле неговиот семеен автомобил пред неговата куќа.
Ова ја прелеа чашата по однос на безбедносната состојба во Прилеп и ги доведе во несигурност моите сограѓани.
Пред некој ден повторно имаше тепачка на ул. Републиканска. Минатиот месец бевме сведоци на масовна тепачка на млади пред еден прилепски локал и неколку криминолошки дејствија со препродавање и транзитирање на наркотични средства, кои ја зголемуваат несигурноста на моите сограѓани-истакна Јовчески. Имено неговата изјава, Ви ја пренесуваме целосно во прилог преку следното видео: