ВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА ПРОДОЛЖУВА: На Трескавец денеска реки од народ!

Сподели го ова:
























Денеска голем број на прилепски верници, се упатија на утринската богослужба кон манастирот “Успение на Пресвета Богородица – Трескавец” во Прилеп, чија црквата е стара повеќе од 5 века.

Голем број на прилепски верници, а и граѓани од околината традиционално како и секоја година, заминаа во посета на ова големо светилиште кое го носи името на Успението на Мајкaта Божја.

Верниците на Трескавец присуствуваа на божествената литургија, а исто така си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи верата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.

За многу години!




Сподели го ова:

Слични објави