Битолскиот градоначалник Коњановски и директорката Весна Лозановска ги согледаа позитивните резултати од реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“
Денеска, битолскиот градоначалник Тони Коњановски беше во посета на детската градинка „Росица“, која е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата „Буковски ливади“, каде изврши увид во новопоставениот современ систем за греење со топлински пумпи.
“Оваа јавна установа, како што ме информираше директорката Весна Лозановска, беше дел од реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“, имплементиран од Канцеларијата за проектни активности на Обединетите нации (UNOPS) и Општина Битола.
Проектот „ЕУ за чист воздух“, покрај засадените 1500 садници, во два образовни објекти во градот кои што нема да бидат приклучени на системот за Топлификација, реализира поставување на топлински пумпи за греење и ладење на објектите. Еден од тие објекти е и објектот во наслебата „Буковски Ливади“, каде што се сместени градинката и училиштето.
Со свои средства при реализација на проектот учествуваше и градинката „Росица“, која обезбеди дел од потребните зафати за поставувањето на топлинските пумпи.
Директорката на училиштето Дијана Толевска-Христовска изрази задоволство од реализацијата на проектот со што и учениците имаат уште подобри услови за следење на образовниот процес.
Новиот поставен топлински систем е и благодетта за дечињата, кои ги посетуваат градинката и училиштето.
Како Општина имаме обврска во наредниот период да постави нова енергестки ефикасна фасада, со што топлинските загуби ќе се сведат на минимум, а воедно ќе се зголеми и заштитата на животната средина” – истакна Коњановски.


















