ВИДЕО-Пратеникот Ристески распали на собраниската говорница: “Во криза се штеди- не се аздисува!!!”

Сподели го ова:


Денес во Собранието на Република Македонија, на дневен ред беше и точката за финансиски план на Регулаторната Комисија за енергетика за 2022 година. Врз основа на тоа, пратеникот Петар Ристески “распали” по пратеничката Тасевска од СДСМ. Имено, Ристески упати жешки критики за платата на Претседателот на Регулаторната Комисија за енергетика, а воедно обелодени и тоа како Муслимоски ги трошел парите за репрезентација во Дубровник за време на криза. Целосното денешно излагање на пратеникот Петар Ристески од собраниската говорница, Ви го прикажуваме во прилог:

“Почитувана колешке Тасевска, се сложувам дека сме во криза ние, не другите во регионот, бидејќи прочитајте информации дека Република Босна и Херцеговина извезув- продава струја и има 4,5 милиони евра приход на сметка. Република Србија продава скапа струја по 300, 400, 500 евра-тоа може да Ви го каже г-динот Муслимоски, но во криза почитувана колешке Тасевска треба да се затегне ременот, а не да се зголемуваат расходите така како тоа што го прави Муслимоски.. Во криза, треба да се намалат и платите на ваквите регулаторни тела и затоа страм му е денеска цел ден да кажи на претседателот колку плата зема. Е па почитуван претседател, јас се распрашав во архива 128.000 денари земате плата.Со здравје да си ги трошите, и продолжете вака комотно да се однесувате. И за на крај почитувана колешке Тасевска, 83 евра на ден за репрезентација што ги троши господинот Муслимоски од таму каде што ни праќа слики и поздрави од Дубровник, се ништо-затоа треба да му доплатиме. За кафе нема да му достасаат на човекот, за како што живее луксузно на сметка на граѓаните во Република Македонија. Во криза се штеди- не се аздисува!!!-истакна прилепскиот пратеник Петар Ристески.





Сподели го ова:

Слични објави