Голем пожар во центарот на Прилеп-кај поранешен “Кула Пазар”

Сподели го ова:




Огромен црн чад, непријатна глетка, оган, и растрчани пожарникари е моменталната слика во центарот на Прилеп. Моментално нашата екипа е директно на терен, меѓутоа од она што може да се види е дека настанат е пожар во центарот на Прилеп-во зградата кај поранешен “Кула Пазар” . Моментално има две противпожани возила. Дел од станарите од зградата веќе се излезени на улица, а дел се на прозорците од горните спратови и ја пратат моменталната состојба. Центарот на Прилеп насекаде мириса на чад, а река народ се насобрани пред зградата каде што гори, односно веднаш над кровот на Техно Маркет-продавница која е сместена кај поранешен “Кула Пазар”. Подетални информации ќе споделиме во текот на ноќта.





Сподели го ова:

Слични објави