Прилепчани вечерва Новата 2026 година ќе ја дочекаат со Наум Петрески на градскиот плоштад
Во Прилеп, неколку дневната програма од “Прилепската празнична приказна” повторно донесе искрена празнична енергија. Насмевките, музиката и сплотеноста покажаа дека Прилеп живее со срце.
Секој ден, чекор по чекор, ја испишуваме најубавата приказна за нашиот град. Ве очекуваме вечерва на градскиот плоштад во Прилеп за да заедно создадеме уште повеќе прекрасни спомени, и за да ја дочекаме Новата 2026 година со незаменливите песни од Наум Петрески.
Прилеп празнува!















