СВЕТСКО – А НАШЕ: Театарската претстава “Трите прасиња” ги воодушеви туристите во Охрид
Прилепскиот мјузикл “Трите прасиња” ги водушеви странските туристи и најмладата охридска публика. Имено, настанот се случи на 31.12.2022 со почеток од 13 часот на големата сцена поставена на градскиот плоштад во Охрид, и истиот овој настан беше дел од официјалната новогодишна програма на Општина Охрид.
Маса на народ се собра на градскиот охридски плоштад, каде туристите и најмладите од Охрид, уживаа во овој совршен музички перформанс со новокомпонирани песни, заедно со маскотите на волкот и трите прасиња, а веднаш потоа на сцената во Охрид се изведе и атрактивната новогодишна претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”.
Колку за потсетување, мјузиклот “Трите прасиња” беше одигран и во Прилеп во спортската сала во индустриското училиште во Прилеп, каде што во неколкуте претстави овој мјузикл го погледнаа над 1600 посетители, меѓутоа од страна на организаторите дознаваме дека заради големиот интерес од страна на прилепчани, повторно – мјузиклот Трите прасиња, идниот месец ќе се одигра во Прилеп, меѓутоа онаму каде што најмногу му доликува – а тоа е големата сала во НУЦК Марко Цепенков.
Според најавите, планирано е овој мјузикл да гостува и надвор од нашата земја во месец март, меѓутоа организаторите на настанот сеуште не ги откриваат деталите.