Буреците и гевреците се поевтини во Охрид за разлика од Прилеп каде се е поскапо!

Сподели го ова:























И покрај се, прилепските бурекџилници не успеаа да ги намалат цените на нивните производи. Обичен геврек чини 20 денари, а бурекот со месо некаде достигнува од 75 до 80 денари.

Меѓутоа, ситуацијата е сосема поразлична во другите градови. Еве на пример во Охрид, иако е туристички град, бурек може да се најде во центарот во Охрид за цена од 65 денари, а цената на кифлите за разлика од Прилеп е помала од 5 до 10 денари. Исто така, бурекот во старата скопска чаршија на некои места изнесува само 50 денари.

На што се должи ова, и зошто цената на производите од прилепските бурекџилници е толку висока, останува знак прашалник!



Сподели го ова:

Слични објави