Нашиот докажан талентиран прилепчанец Илија Ристески, стана член на новиот Извршен Комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ
Нашиот прилепчанец Илија Ристески, кој што воедно е млад успешен спортист, голема и признаена интелектуална личност која што поседува големи менаџерски способности, како и личност со идеи и голема визија, официјално стана член новиот Извршен Комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ.
Ми претставува чест и задоволство да ве известам дека сум член на новиот Извршен Комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ. Младите се двигателот и силата на промените во едно општество. Со мојата енергија, капацитет и можности максимално ќе се вложам за промените во Македонија, кои ќе почнат од младите! Особена благодарност до претседателот на УМС Сергеј Попов за укажаната доверба да бидам дел од тимот кој ќе ги донесе победите и промените во Македонија! Да живее УМС! Да живее Македонија! – напиша Ристески.