|

УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, денешниот неделен ден го искористи за дружба и посета на манастирот “Св.Никола” во с. Загорани

Сподели го ова:


























Денеска членките на Унијата на жени-при ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп се речиси насекаде застапени во сите сфери на општественото живеење: во семејството, во улогата на сопруга и мајка, а паралелно на сето ова претходно наведено, жените денес извршуваат и други општествени одговорни функции како и други останати работи кои се од јавен интерес како за градот Прилеп, така и за целата наша земја.

Дека библиска Македонија изобилува со бројни духовни светилишта, не е никаква тајна. Манастирот “Св.Никола” во с. Загорани е само еден бисер од ѓерданот верски објекти. Имено, токму овој манастир денеска го посети УЖ при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп која постојано се залага за да се зачува нашата убава, православна вера.

“ВМРО-ДПМНЕ, како демо-христијанска партија и нејзината УЖ, ваквите заеднички дружби ќе ги практикува и во иднина, бидејќи заедно и сплотени, секогаш сме и посилни, и попродуктивни за добробидта на нашата Македонија” – истакна претседателката Кузманоска пред присутните на денешната неделна дружба.

Имено, манастирот Св. Никола е оддалечен на само 500 метри над селото Загорани, а околу него прекрасната глетка и есенскиот пејзаж претставуваат вистински рај за очи. Она што е впечатливо, е тоа што околу манастирот – а и во неговите темели, се забележуваат остатоци од некое далечно дамнешно време, а според жителите на ова село, порано кај манастирот имало ранохристијанска базилика, а денешната манастирска црква била изградена точно на тие темели.




Сподели го ова:

Слични објави