РАЈСКА УБАВИНА: Во црквата св.Петка во Прилеп се насликаа првите две фрески со сцени од житието на св. Петка
Првите две фрески со сцени од житието на св. Петка целосно се насликани во црквата св.Петка во прилепската населба Точила, и веќе со својата убавина го красат овој прекрасен храм.
Благодарност до дарителите. Да им се најде пред Бога.Донаторите и нивните семејства ќе ги имаме во нашите молитви Бог да ги запише во “Книгата на животот” и да ги благослови со мир, здравје и спасение на душите! – се вели во објавата од црквата св.Петка.
Фрескоживописот во црквата, сега продолжува со цртање на фреската: ,,Слегувањето на Светиот Дух врз апостолите ” односно Духовден или Педесетница.