ВИДЕО: Премиера на најновиот летен хит! “Солза и смеа бенд” со нова урнебесна песна – “ЗИНАТА”
Урнебесните “Солза и смеа” денеска го промовираа нивниот најнов летен хит, кој носи наслов “Зината”. Како што истакнуваат од оваа урнебесна хумористична екипа, оваа песна е посветена на сите оние луѓе кои постојано озборуваат и уста не затвoраат, а такви ги има многу. Имено, станува збор за екстра хумористична песна која ќе ве освои на прва!
Колку за потсетување, ова лето “Солза и смеа” настапуваат во повеќе градови низ нашата земја со нивната летна хумористична турнеја. Во прилог, погледнете го нивниот најнов видео спот за “Зината”:
















