Во Битола со механизација и работници се интервенираше на сите критични точки за навремено справување со последиците од обилните врнежи
После интензивните дождови, екипите на јавните претпријатија и Водостопанство-Битола се на терен.
Со механизација и работници се интервенира на сите критични точки за навремено справување со последиците од обилните врнежи.
Засега ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активности во текот на целиот ден, онолку долго колку што е потребно.
Работиме посветено за безбедноста на граѓаните – порачаа од Општина Битола.
















