Охридскиот градоначалник Пецаков презема конкретни чекори за решавање на проблемите во Охридско

Сподели го ова:


Охридскиот градоначалник Пецаков презема конкретни чекори за решавање на проблемите во Охридско. Овој пат тој беше во с.Подмоље за да им помогне на жителите од ова охидско село. Го решаваме деценискиот горлив проблем на жителите од Подмоље. Со изградба на резервоарот за вода, недостатокот на вода, особено во летниот период станува минато. Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни, а вредноста на проектот изнесува 3.117.752 денариДенеска направив увид и на активностите за изградба и уредување на коритото на реката „Сушица“, на улица „Српница“, од пресекот со улица „15-ти Корпус“ во должина од околу 200 метри. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува 4,2 милиони денари-истакна Пецаков, кој очигледно откако ја презеде градоначалничката функција никако не мирува, туку напротив, постојано е на терен во интерес на неговите сограѓани.





Сподели го ова:

Слични објави