“Лисици на рацете” си доби 39 годишен прилепчанец
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.М.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 14.07.2023 во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана – информира МВР.