ВИДЕО-Ирена Стерјоска Локвенец: “Високиот износ на обврски оставени од претходната локална власт предводена од СДСМ можно е да го доведат под ризик извршувањето на Буџетот во 2022г”

Сподели го ова:




Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на комисијата за финансирање и буџет, денеска одржа прес конференција на која ја изнесе финансиската состојба на Општина Прилеп која е затекната после локалните избори 2021 година. Покрај другото, еве што самата таа истакна: “Она што е воочливо и што сакаме да го потенцираме денес се обврските со кои ја превзедовме локалната  самоуправа. Вкупните обврски,  во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваат висок износ од 292.562.164,00 денари.  Овој Висок износ на обврски оставени од претходната локална власт предводена од СДСМ можно е да го доведат под ризик извршувањето на Буџетот во 2022г. Ризик фактор за извршувањето на Буџетот ќе претставуваат и судските спорови, посебно судскиот спор кој е поведен од изведувачот на реконструкцијата на мостот на градската река на улица Трајко Николоски. Во минатото време кога ВМРО ДПМНЕ бевме опозиција, реагиравме по информациите со кои  тогаш располагавме,дека има сомнителни и спорни постапки во овој предмет и проект. Тоа сега и го увидуваме преку документацијата од каде лесно може да се констатира дека и покрај поминатиот временски период за реконструкција, првиот договор е склучен на 10.05.2019г. со времетрање од 365 дена, сепак на 18.12.2020г. или 7 месеци по пробиениот рок склуќен е анекс договор со што вредноста на првичниот договор е зголемен за 4.150.206,00ден. Она што исто така е интересно  ,е тоа што овој мост беше пуштен во употреба во декември 2020г во присуство на министерот за транспорт и врски г-н Бочварски, а на 30.03.2021г. повторно е склучен нов анекс договор кој го поништува анекс договорот од 09.04.2020 со бр. 03-50/12.  Вредноста на мостот кај сточен пазар стигна приближно 600.000 евра“-истакна Ирена Стерјоска Локвенец





Сподели го ова:

Слични објави