ВИДЕО: Џулијано од Прилеп бара помош од хуманите граѓани

Сподели го ова:























Нашиот прилепчанец Џулијано Петрески можеби ќе имал друг животен тек, доколку не донесел некои погрешни животни одлуки. Во 2001 година преку јавен оглас добива стан во социјална зграда во нас. Точила. Безработицата ќе го натера да замине на печалба во Германија, за кога ќе се врати во родниот Прилеп освен ѕидови и студен стан, да не најде ништо повеќе. Го губи семејството, а не знае зошто.

Потекнувам од Варош и не можам да се пожалам на животот кога бев дете и помлад. Со семејството живеевме во социјален стан во Прилеп. Имам и брат со кој за жал одмана не сум во контакт.Се оженив на 25 години и бев вработен како електричар. Добив и стан како млад брачен пар со ниски примања. Се беше во ред. Но, поради сплет на околности останав без работа и мислам дека тука почнаа проблемите. Немавме приходи од никаде. Сопругата се вработи но, тоа не беше доволно. Па, поради тоа што децата веќе растеа и има поголеми потреби одлучив да заминам за Германија. Првиот пат заминав со синот, но, тој не се пронајде таму и се врати. Јас останав. Им испраќав пари дома. Потоа, 2018 пак заминав, но за жал, тогаш повеќе се задржав и добив печат дека не смеам повеќе да се враќам. И, тука ми започна пеколот. Се враќам во родната земја, во станот каде го создадов семејството. Децата повеќе не си ги видов. Се отселиле со сопругата и не сакаат да имаат контакт со мене. Јас, не можев повеќе да работам во странство, а, во родниот град како електричар каде и да тропнев ме одбиваа. Дојдов до социјален случај. Не ми се влегува дома. Седам на клупа во парк и само спомените ме одржуваат во живот”- раскажува нашиот прилепчанец во емисијата Срце на дланка, и истиот искрено се надева на помошта од хуманите граѓани.

Доколку можете да му помогнете на Џулијано Петрески тоа можете да го направиме на неговата трансакциска сметка 240287001526654, или пак на неговиот личен телефонски број 074/ 233-656. Целата емисија од Срце на дланка, може да ја погледнете во видеото, кое следи во прилог на оваа објава. Приказната за Џулијано во видеото започнува од (29:16)



Сподели го ова:

Слични објави