Две прилепски лица извршиле напад врз вработени во прилепската болница

Сподели го ова:
















Вчера на 09.12.2021 година утрото во 8 часот во Прилеп, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Е -(36) и Д.К. (18) и двајцата од Прилеп затоа што нападнале две лица кои биле вработени во прилепската Болница “Борка Талески”-Прилеп. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на овој случај, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава како резултат на тоа што го сториле овие двајца прилепчани. А која била причината што овие две лица се одлучиле да нападнат вработени во прилепската болница, сеуште не е познато.







Сподели го ова:

Слични објави