ВИДЕО: Ангел си ти! Утре, се навршуваат 44 години од раѓањето на Тоше Проески
„Ангел си ти“ – под тоа име, утре  – сабота на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалниот музички настан во чест на роденденот на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. 

Организаторите од „Спомен куќата на Тодор Проески“ најавуваат голем број на различни активности кои ќе се организираат во спомен на Тоше. Настанот започнува во 9 часот кога Општинската организација на Црвениот крст од Крушево го има закажано почетокот на крводарителската акција, која ќе трае до 16:00 часот.

Тоше Проески се родил точно во 11:15 минути, Полагањето на свежо цвеќе на неговиот гроб ќе биде во сабота нво 11-15 часот, токму тогаш кога е роден Тоше Проески во далечната 1981 година. Веднаш потоа во 12:00 часот во Спомен куќата на Тоше, музиката е таа која што ќе го има има главниот збор. Најавено се настапи на повеќе музички имиња како: Нела Манческа, Дорис Димовска, прилепскиот бенд „Lock Down“, а исто така ќе има и гости од Бугарија.









 
		








 
			 
			 
			 
			 
			