Мицкоски до ракометарите: Вие сте гордост на Македонија!
Како што објавивиме претходно, вечерва Македонската ракометна репрезентација издвои победа во ракометниот дуел со репрезентацијата на Катар, при што забележаа победа со 39:34. По повод оваа голема победа на македонската ракометна репрезентација, до македонските ракометари искрена честитка упати премиерот Христијан Мицкоски:
“Честитки за победата! Македонските ракометари уште еднаш ја покажаа својата сила, упорност и сплотеност на теренот. Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација. Вие сте гордост на Македонија! Продолжете да нѐ правите сите горди!” – порача Мицкоски.