Денес прилепскиот градоначалник Јовчески изврши увид во однос на санирањето на ударните дупки низ градот


Во насока на подобрување на квалитетот на одвивање на сообрајќајот и подобрување на градската патна инфраструктура, денес прилепскиот градоначалник Јовчески изврши увид во однос на санирањето на ударните дупки низ градот. Се започна од улицата „Генерал Васко Карангелески“ кон вештачкото езеро Прилеп. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп-Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA ” кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков” и ќе понуди 16 ново-компонирани детски музички хитови).


“Во текот нa денов како и во наредните денови ќе се продолжи и на улиците „Мице Козар“, „Прилепски Бранители“ и во централното градско подрачје. Овие активности се предвесник на градежните работи кои ќе следат во претстојниот период, како што се асфалтирање на неасфалтирани улици и започнување на дел од предвидените капитални проекти за општина Прилеп”-истакна прилепскиот градоначалник Јовчески.