Чонески со покана до крушевчани и туристите да уживаат во денешната манифестација „Дева – во чест на Христовото раѓање“
Општина Крушево ги поканува сите граѓани и посетители денес, 5 јануари 2026 година, во 17:00 часот на
Градскиот плоштад „Никола Мартиновски“,
да присуствуваат на манифестацијата „Дева – во чест на Неговото раѓање“, организирано од крушевските средношколци од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ кои не потсетуваат на вековната, уникатна, предбожиќна традиција во Крушево.
Во празнична атмосфера ќе има посна трпеза, топли напитоци и собирање доброволни средства за првото новородено дете.
Во Крушево, вечерва младите момци со ѕвезда и песна од куќа на куќа ја носат радосната вест за Христовото Рождество.

Насловна фото: ФБ страна од градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески














