|

СЕУШТЕ ИМАЛО ЛУЃЕ: Пилјара на самохраните мајки им доделува ваучер за пазарење од 700 денари

Сподели го ова:


























Секоја чест за ваквиот хуманитарен подег и идеја. Не е лошо, некоја од пилјарите од Прилеп да го направи овој потег во градот под Марковите Кули. Што мислите??

На сите самохрани мајки на територија на општина Гевгелија во месец февруари доделуваме ваучер од 700 денари за пазарење – се истакнува во објавата на гевгелиската пилјара “Кај Кецот”.

Станува збор за пилјарата која за новогодишните и божиќните празници направи еден хуманитарен подег-акција „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“со која им помогна на оние луѓе, што не можат за време на празниците да си дозволат да купат храна. „Хуманитарна акција, закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите“ – беше наведено пред еден месец во нивната објава на социјалните мрежи.




Сподели го ова:

Слични објави