Весна Петрушевска за таткото на Тоше Проески: Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме
„Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме, твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една огромна тага. Барем сум малку мирна дека се видовме за Бадник. Топол и мил човек. Многу ми е жал. Најискрено сочувство до семејството“- напиша Петрушевска на социјалните мрежи.
Како што објавивме во вчерашните наши објави, вчера по долго боледување почина таткото на Тоше, Никола Проески.