МИХАИЛОВ: Не само што не ме уништија, напротив, ме направија уште посилен, похрабар и поодлучен од било кога и од било кого
Кире Михаилов во македонската јавност важи за голем борец на сето она што е македонско, на македонските корени и историја, а благодарение на својот патриотизам има голем круг на пријатели кои го почитуваат секој негов влог за МАКЕДОНИЈА! Имено, денеска на социјалните мрежи Михаилов сподели една емотивна – искрена порака, која наиде на огромна поддршка од страна на македонскиот народ!
“Почитувани пријатели, браќа и сестри, последниве денови добивам премногу пораки и прашања за тоа дали сум се договорил за мојата иднина, т.е. за тоа каде ќе бидам после изборите
Е сега, од причина што доста ме следите, да ви одговорам вака јасно и јавно на сите, а кој нема да ме прочита, пренесете му :
Како што безмалку сите добро знаете, јас лично ја имав “честа” да се најдам на улица веднаш по доаѓањето на оваа криминална хунта на власт
Таа хунта на власт се обиде да ме распарчи како човек, мене, а секако и моето семејство и многу блиски луѓе околу мене
Не им беше доволно тоа што ме пратија на улица, не им беше доволно тоа што ме оставија без егзистенција, се обидоа со најразлични методи да ме сардисаат и да ме покосат до крај
Но, не само што не ме уништија, напротив, ме направија уште посилен, похрабар и поодлучен од било кога и од било кого
Не жалам воопшто што се најдов на отстрел и “ослободен” од сите работни обврски, напротив благодарен сум што ми овозможија целата моја енергија да ја вложам во борбата против оваа невидено најголема криминална хунта која МАКЕДОНИЈА воопшто некогаш ја има видено
Во таа борба, на различни НЕПЛАТЕНИ партиски функции во ВМРО ДПМНЕ поминав илјадници километри, десетици и десетици градови и села низ цела Македонија и таму најдов многу, илјадници пријатели кои дотогаш ниту ги знаев, ниту знаев дека постојат
Најдов илјадници пријатели, пријатели кои до тогаш не ги знаев, но, пријатели за кои сега душа давам, пријатели кои исто така и тие за мене душата би си ја дале и затоа тврдам дека сум побогат од било кога досега
Најдов пријатели кои заедно со претседателот Христијан Мицкоски, со мене, со сите сегашни градоначалници и советници, директори и останати функционери беа со нас, рамо до рамо по улиците и градовите, на Сонце и дожд, на ветер и снег, во добро и лошо и повеќето од нив тоа го правеа исклучиво за доброто на Репубика Македонија
Е сега, да објаснам зошто го пишувам ова и конкретно да ви одговорам на прашањето најгоре :
ЈАС, Кире Михаилов, се имам разбрано и договорено само со овие искрени и чесни пријатели, пријатели кои се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Еѓипќани и многу други останати кои живеат во МАКЕДОНИЈА и ги познавам
СЕ ИМАМ ДОГОВОРЕНО САМО ЕДНА РАБОТА, А ТОА Е ДЕКА ЌЕ СЕ БОРИМЕ ЗАЕДНИЧКИ, РАМО ДО РАМО СЕ ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ ЈА ОСЛОБОДИМЕ ОД ОВИЕ БАНДИТИ
СЕ ИМАМ ДОГОВОРЕНО ДЕКА ЌЕ СЕ БОРИМЕ И ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ И ДЕКА ПОСЛЕ ЌЕ ЈА ГРАДИМЕ И ЌЕ ЈА ИЗГРАДИМЕ МАКЕДОНИЈА
Немам никаква концесија ниту долг кон никого освен кон МАКЕДОНИЈА и се имам договорено само да ја одбраниме и сочуваме неа и ништо повеќе
Токму тоа ми дава сила, ми дава моќ и сигурност и никаков сомнеж дека мојот труд и она што само јас и моите најблиски го преживеавме некој ќе ми го девалвира, и затоа периодот како досега, така и овие неколку дена до 9-ти мај е период во кој секоја преостаната минута ќе ја потрошам во комуникација со граѓаните и замолница во што поголем број да ни се приклучат во оваа победничка битка, битка за МАКЕДОНИЈА
И пак ќе повторам, секој еден кој се чувствува способен, емоционално и физички, но пред се како човек кој си ја сака МАКЕДОНИЈА нека стане и нека застане да ни се приклучи во оваа решавачка битка рамо до рамо со нас
Функциите се менливи и минливи, само човечноста останува вечна и на сите оние други кои ви зборуваат за било какви функции на било кого, пренесете им нека да не трошат зборови и време залудно и нека овие последни моменти од решавањето на судбината на МАКЕДОНИЈА ја поминат одработувајќи за неа без да си го трошат нивното и вашето скапоцено време непотребно
Пренесете ми на сите нив дека треба да си ја чуваат енергијата за после 8-ми мај, затоа што тогаш ќе дојде вистинскиот предизвик, тогаш ќе мора МАКЕДОНИЈА да ја креваме и градиме од пепел и тогаш ќе треба да докажеме кој и колку ја сакал МАКЕДОНИЈА
Да сте ми живи, здрави, среќни и долговечни
Македонија преживеала многу, ја преживеа и оваа хунта
Ајде за неколку дена да ја славиме историски досега најголемата двојна победа, победа за МАКЕДОНИЈА и целиот народ кој живее овде”– порача Кире Михаилов.