На радоста и нема крај! Израелката со македонско потекло e ослободена од Хамас и вратена во Израел
Израелката со македонско потекло, Наама Леви, после цели 477 денови поминати во заробеништво, беше ослободена од страна на Хамас, и вратена во Израел.
Претставници од еврејската заедница од нашата земја, како и претставници од роднините на девојката, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување, и тоа базирајќи се на нејзиното македонско потекло.















