Веќе се е спремно! Компаниите „Бимфоод“ и „Матадор“ кои се домаќини на прилепската градска слава св. Никола, заедно со прилепскиот градоначалник упатија искрена покана до прилепските граѓани

Сподели го ова:






























Прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски во името на Општина Прилеп и во името на годинешните домаќини, компаниите „Бимфоод“ и „Матадор“ упати искрена покана до прилепчани да бидат дел од централното одбележување на Градската слава и патрон празникот на Прилеп – Св. Никола.

Овој голем христијански празник е длабоко врежан во нашата традиција и претставува симбол на заедништво, вера и почит што не поврзува низ генерациите. Оваа година одбележуваме 20 години од носењето на заедничката одлука и прогласувањето на Св. Никола за Градска слава и заштитник на нашиот град, значаен јубилеј кој ни дава уште поголема причина да се собереме и да празнуваме заедно. Одбележувањето ќе започне во 08:00 часот со Свечена литургија во храмот „Св. Благовештение“. Централното чествување продолжува во 12:00 часот пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот, каде ќе се изврши водоосветување и прережување на славскиот колач. Потоа, заеднички ќе се упатиме кон плоштадот „Александрија“, каде ќе биде организирана традиционалната светиниколска посна трпеза, а празничниот амбиент ќе го збогати настапот на музичката група „Тајфата“ на Камената бина. Ве повикувам сите, млади, возрасни, сограѓани и сите останати од цела Македонија, да излеземе заедно и да го прославиме овој посебен ден со радост, достоинство и заедничка надеж. Нека е за многу години Свети Никола!” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави