“Дружината на Снешко Белчо” вчера во Прилеп приреди вистинска новогодишна бајка
Задоволната прилепска публика, убавата сценографија на сцената, одличната интеракција на актерите со прилепската публика, како и искрените детски насмевки и аплаузи, сето тоа беше знак дека театарската претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, вчера во Прилеп приреди вистинска новогодишна бајка, впрочем онака како што и доликува на Балада Арт Продукција. Имено, вчера со почеток во 11:30 часот во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, најмладата публика ја погледна премиерата на волшебната претстава за деца “Дружината на Снешко Белчо”, која со сигурност кај секое детско срце создаде волшебни, новогодишни спомени .Во претставата учествуваа: Снешко Белчо, Дедо Мраз, Баба Мразица, Снегулка и Мразулка. Претставата беше пропратена и со новокомпонирани песни, специјално направени за оваа театарска претстава од Гоце Балада.
Веднаш после завршетокот на претставата, најмладите се сликаа со нивните омилени театарски ликови, а откако низ градот после сето тоа беа пренесени прекрасните позитивни коментари, емоции и кратките видеа кои ги снимаше публиката за време на одлично одиграната детска театарска претстава, до организаторот Балада Арт Продукција, започнаа да ѕвонат голем број на понуди за да оваа претстава се одигра и во повеќе градови, па така претставата ќе се одигра и во градовите кои Ви ги прикажуваме во прилог:
30.12.2022 – Плоштад општина Демир Хисар
31.12.2022 -Плоштад Охрид 13:30h
Со оваа новогодишна претстава започна и новогодишната магија која е официјален предвесник на Новата година – која што веќе е на самиот праг. А на доаѓањето на Новата Година, најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. Огранизатор на претставата беше Балада Арт Pродукција-Прилеп и Гоце Балада – човекот кој што од страна на АКАДЕМИК е прогласен за најкреативна личност во нашата земја во областа на маркетингот, културата и уметноста.
Во прилог погледнете го краткото снимано видео од неколку секунди, каде е сниман самиот крај на претставата, односно делот каде што Снешко Белчо ги прашува присутните дечињата дали им се допаднала оваа претстава, а од публиката се слуша едно громагласно ДАААААААААААААААААААА! Е токму баш за тоа работи, создава и креира Балада Арт Продукција, за задоволството на децата, за оние најискрени детски срца кои не знаат да лажат!!!