ОСТАНАА УШТЕ МАЛКУ КАРТИ: Детски музички спектакл со голем број на балон (пена) ефекти, чадни ефекти, музички ефекти, професионални маски…
Конечно и во Прилеп да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за детската театарска претстава “Трите прасиња”, која што по неколку пати ги полни салите низ цела Македонија. Картите за првата претстава од 20.11.2022 од 11:30 се сите подигнати, при што веќе нема карти за оваа претстава. По барање на публиката закажана е уште една детска претстава истиот ден (20.11.2022 недела) со почеток од 10:10 часот, а картите може да си ги резервирате 24/7 на 078/66-77-97.
Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на огромен простор каде што сцената ќе биде надополнета со голем број на балон (пена) ефекти, чадни ефекти, музички ефекти, професионални маски, и што ли уште не…
Па како резултат на тоа, детската музичка престава ќе биде изведена во новата-голема спортска сала во СОУ “Ристе Ристески Ричко” (индустриско училиште), пред се затоа што овој простор е голем, и целосно погоден за ваква спектакуларна претстава, и истиот е целосно соодветен за изведување на претходно наведените атрактивни ефекти кои што целосно ќе ја збогатат детската претстава. Овој пат, честа ја имаат најмладите прилепчанчиња со нивните родители, кои на 20-ти Ноември (недела) ќе го проследат мјузиклот со волкот и трите прасиња, и вистински же уживаат во оваа детска музичка претстава со професионални маски.
Бројот на карти е ограничен! Истите може да ги набавите во: игротека “Jim Jam”-Точила, игротека “Дизни”-Табана, игротека “Моја Бајка”-Д.Наредникот, како и игротека “Бамби” кај Уредот.
Резервации на 078/66-77-97 КАРТИ САМО ЗА НАЈБРЗИТЕ!!!