ВИДЕО: Прилепчанецот Гоце Секулоски заедно со Сузана Спасовска работат на црковниот проект “Терирем”

Сподели го ова:


























Нашиот прилепчанец Протопсалт Георгиј Секуловски, Сузана Спасовска и вокалниот клирос “Пелагонитиса”, моментално работат на црковниот проект “Терирем”. Станува збор за аудио издание на одбрани верзии на Православните литургиски химни. Оваа вест ја потврди и Сузана Спасовска на нејзината официјална Facebook страна, при што истакна:

“Со многу љубов и трпение, работиме скоро 8 месеци на црковниот проект “Терирем” ( аудио издание, а потоа и промотивни концерти, ако даде Господ ).

Сузана Спасовска – солист,

Протопсалт Георгиј Секуловски и

Вокален клирос “Пелагонитиса”

Ова е обид, овие одбрани верзии на Православните литургиски химни, да се доближат до народот и младата популација. Црковните песни и фолклорот се природно поврзани, а Бог дал слобода секој да ги почувствува на свој начин.

Видео: Една од првите проби на солистот.

Бог да не крепи!” – напиша Сузана Спасовска на нејзината официјална Facebook страна.




Сподели го ова:

Слични објави