Прилепчани задоволни! Проданоски е првиот прилепски градоначалник кој воведува 7 дневна новогодишно – забавна програма за прилепчани
За прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи „Прилепска празнична приказна“ со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.

Станува збор за првиот Новогодишен базар во нов, свечен формат, манифестација која со право го носи името „Прилепска празнична приказна“. Оваа година, Прилеп ќе живее во вистински празничен дух, со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации. Компанијата „Витаминка“, е покровител на Новогодишниот базар, која во годината која ја очекуваме одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија во нашиот базар.
Ве покануваме да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испишеме најубавата Прилепска празнична приказна – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















