Веќе од утре, дождот ќе биде “редовен гостин” по прилепските улици

Сподели го ова:
























Врз основа на временската прогноза, очигледно е дека денес е последниот сончев ден за оваа недела, бидејќи веќе од утре дождот ќе биде чест гостин по прилепските улици.

Па затоа, искористете го максимално денешниот сончев, и уживајте во јануарското сонце кое очигледно е дека веќе од утре, ќе биде заменето со дождливото време кое ќе трае се до крајот на оваа недела.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Според прогнозите, ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.




Сподели го ова:

Слични објави