|

Пристигна месец Март – единствениот женски месец во годината

Сподели го ова:


























Пристигна месец Март, месецот кој што за себе има 300 планови, исто како и дел од жените, па затоа се вели дека месецот Март е единствениот женски месец во годината. Во народните преданија месецот март е претставен како баба Марта, која всушност била чудна баба која била исклучително непредвидлива, па така да во март може да грее сонце, па да вее снег, но може времето да се стопли за миг и сонцето да грее како да е типично лето.

Легендата за баба Марта говори дека таа за првпат се разгневила кога римскиот крал Нума ѝ го одземал нејзиното место на прва дама во календарот, и дека пред неа кралот ставил уште два месеца, па како резултат на тоа старицата станала навистина чудна.

Баба Марта, според народните верувања е олицетворение на пролетта, и претставува повторното раѓање, при што кога на земјата испраќа снег, сето тоа е да ги предупреди луѓето за нивното однесување.

За баба Марта постојат различни легенди што се врзуваат со нејзиното постоење, меѓутоа сите се однесуваат на метеоролошките промени на кои таа има големо влијание.




Сподели го ова:

Слични објави