Веќе од наредната недела ќе имаме стабилизација на времето и потопли температури

Од денеска, како резултат на влажниот бран со кој што се соочува нашата земја времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Не е исклучена можноста на повисоките планини да се формира и снежна покривка. Денеска и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Меѓутоа, со почетокот на следната седмица ќе имаме преодно стабилизирање на времето, и сончеви потопли периоди.

















