Оваа сабота во Прилеп! Годишен концерт на КУД Мирче Ацев – Прилеп
На 15.11.2025 во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп со почеток во 19h, КУД Мирче Ацев – Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт.Цели 78 години од постоењето на Културно уметничкото друштво Мирче Ацев-Прилеп.

Овие години со сигурност претставуваат значаен јубилеј со кој градот Прилеп се гордее. Преку промовирањето и негувањето на традиционалните вредности, го потврдуваме нашето постоење како Македонци. А токму фолклорот, македонското оро, песна и македонската традиционална носија, говорат за вековното постоење на македонскиот народ, кој има свој идентитет и богати традиционални вредност.
Ова се луѓе со голем ентузијазам и голема љубов кон народните игри и песни, автентично ги интерпретираат на сцената обичаите од историското минато на македонскиот народ, при тоа негувајќи ја традцијата и народниот фолклор кој што е наш културен и автентичен израз.
















