Наместо да отслужува казна во прилепскиот затвор, тој слободно си крадел пари од сеф дури во Скопје
Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.
При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се бара по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци. По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.