|

ПОВТОРНО ПРВИ ВО МАКЕДОНИЈА: ППK “Младост 96” повторно ја вратија титулата во Прилеп

Сподели го ова:


























Пингпонгарите на ППK “Младост 96” повторно ја вратија титулата во Прилеп. Денес во Скопје се одигра вториот натпревар од финалето во плеј офф-от против екипата на “Телеком Нец 2” и со резултат 4-3, и со вкупен резултат од 2-0 ја освоија шампионската титула.

За овој прилепски клуб, ова е втора титула Шампиони на Македонија во последните три години. Тимот, во цела сезона имаше само еден пораз, и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.

“Честитки за сите во клубот. Честитки за спонзорите на клубот без кои овие успеси немаше да ги постигнеме” – истакна Златко Рикалоски член во раководството на клубот.




Сподели го ова:

Слични објави