ПАМЕТЕН ПОТЕГ: Од денес, апсолутна забрана за носење на мобилни во прилепските училишта
ПАМЕТЕН ПОТЕГ – Од денес, 04.09.2023 год. стапува во сила апсолутната забрана за носење телефони во рамките на прилепските училишта, и ограничено користење на телефон на наставниците.
Секој родител ќе има телефонски број од класниот раководител, стручната служба и директорот за било каква потреба од ученикот.
Ова соопштение треба да се сфати за сериозно, бидејќи секој телефон откриен во рамките на училиштетата ќе биде одземен и вратен до крајот на учебната година.