КАКО НА ФИЛМ: Прилепчанец соработувал со затвореник од Идризово, при што двајцата за пари нуделе лажни услуги на повеќе лица

Сподели го ова:


























Врз основа на информациите од дневниот билтен на МВР, СВР Битола до Основното јавно обвинителство-Битола, поднесе кривична пријава против две лица. Станува збор за Б.А.(35) од Скопје заради постоење на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и Б.У.(38) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.

Имено, скопјанецот кој бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во текот на минатата година (2022 година) во повеќе наврати, измамил повеќе лица од различни градови од нашата земја, при што тој им се јавувал на телефон, и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда, а исто така и им нудел различни услуги.

Што се однесува пак до второпријавениот Б.У од Прилеп, самиот тој со уште едно лице го организирале преземањето на парите, при што откако ќе ги земеле парите од лицата го прекинувале контактот со истите.




Сподели го ова:

Слични објави